Од фактите не се бега, а факт е дека Opel под “капата” на PSA Групацијата целосно се препороди. Она што не му успеваше на GM за нешто повеќе од една година му успеа на францускиот производител кој речиси од банкротиран бренд создаде профитабилен бренд.

Тоа се должи на посветеноста на PSA Групациајта кон ревитализирање на овој бренд. Последен доказ за напорната работа на Opel е електричната верзија на моделот Vivaro со која се Opel влегува во конкуренција во сегментот на електрични комерцијални возила.

Производителот од Риселсхајм ги објави сите технички карактеристики и перформанси на оваа верзија.

Станува збор за комерцијално возила со моќност од 136 КС и домет од 230 до 330 км, согласност WLTP стандардите. Носивоста на ова возило е речиси идентична како и кај основната верзија. При тоа максималната носивост изнесува 1.405 кг.

Opel Vivaro-e

“Како прво електрично лесно возило кое влезе во Van-D пазарниот сегмент на средни комбиња и кој има домет до 330 км, новото Vivaro-e ги поставува стандардите за лесна употреба, задоволство и професионалност” изјави извршниот директор на Opel, Михаел Лохшелер.

Opel Vivaro-e

Opel не застанува тука и наскоро електрична изведба ќе добијат и останатите комерцијални возила.