1. Karl Benz бил учител на основачот на Audi

August Horch, основачот на Audi бил млад германски инжинер кој започнал да работи како ковач. По добивањето на дипломата тој започнал да работи на бродоградилиште, а потоа и во Mercedes Benz каде надреден бил Karl Benz. Само три години поминати во Mercedes-Benz тој го започнува својот бизнис.

2. Основачот на Audi ја основал “Horch” компанијата за автомобили пред Audi

Не, Audi не беше првата компанија која Аугуст Хорх ја започнал. Неговата прва компанија за производство на автомобили била “Horch and Cie” која ја основал во 1899 година. За кратко станала популарна и успешна компанија, но поради разликите што се јавија помеѓу него и инвеститорите тој ја формирал новата компанија Audi.

3. Audi на латински значи “Слушај”

По напуштањето на Horch, Аугуст формирал нова компанија со идентично име. Сепак поради интелектуалната сопственост тој морал да го промени името. Поради тоа што бил под влијание на латинизацијата, тој го одбрал името Аudi кое во превод од латински значи “Слушај”.

4. Четирите кругови ги означуваат четирите компании на Auto Union

Четирите кругови ги означуваат четирите компании кои спаѓале во рамките на Auto Union. Хорх ги основал овие компании со цел да создаде автомобили за повеќе сегменти и тоа Horch за луксузни автомобили, Audi за т.н. делукс автомобили, Wanderer за седани и DKW за мали автомобили и мотоцикли.

Related image

5. Audi практикувале краш тестови уште пред 75 години

Доколку мислите дека краш тестовите се релативно нови тогаш дефинитивно се  лажете. Audi прави т.н. краш тестови подолго време т.е. уште од пред околу 75 години.

Image result for Audi crash test 1980

6. Auto Union произвеле автомобил кој достигнува 430 km/h уште во 1938 година

Ривалството на Mercedes и Audi датирало уште од пред Втората светска војна. Во овој период тоа кулминирало кога Auto Union во соработка со Ferdinand Porsche создадоа неверојатно брз автомобил со 560 КС и V16 мотор кој достигнал брзина од неверојатни 430 km/h.

7. Модерното рели беше револуционизирано од Audi

Популаризацијата на рели шампионатите се случи во 80те години и тоа благодарение на Audi Quattro кој со своите тркачи перформанси го привлече вниманието на авто љубителите. Со овој автомобил Audi два пати се искачуваше на пиедесталот и тоа 1983 и 1984 година.

Related image

8. Audi – господар на Le Mans

Audi e вистински господар на Le Mans. Тој е единствениот авто производител кој го освоил ова натпреварување неверојатни 13 пати, а интересно е тоа што тоа го има направено и со дизелски и хибриден агрегат.

Related image

9. “Shelly”, автомобилот кој го искачи Pikes Peak и тоа без возач

Сите оние кои не знаат, Pikes Peak е неизмерно тешко и опасно место за трки, а многу тркачки автомобили сега се само куп на отпадоци на дното на планината. Сепак ова воопшто не претставува проблем за Аudi кои успеаа да го искачат Pikes Peak со нивниот целосно автономен автомобил наречен Shelly и тоа без возач.

File:Pikespeak.JPG

10. Audi планираше да воведе автомобил наменет за на месечината

Google спроведе натпреварување под називот Lunar XPRIZE со награден фонд од 30 милиони американски долари. Целта на натпреварот била да се мотивираат повеќе тимови да создадат возило за на месечината. Audi на овој натпревар настапи со тим составен од познати инжинери од Германија и го создаде автомобилот Audi Lunar Quattro. Сепак на 28 јануари 2018 година, Google објави дека ниту еден тим не ја исполнил целта и дека наградата нема да биде доделена.

Image result for Audi Lunar Quattro