Нешто над 60 илјади половни автомобили се продаваат на автоплацевите и интернет огласите во Македонија. Така на пример, на Pazar3.mk во моментов се огласени вкупно 74.582 автомобили.

Најголем дел од половните автомобили огласени на овој популарен интернет огласник се од брендот на Volkswagen, дури 13.752. Потоа следи Opel со 8.098 огласени автомобили, а од брендот на Mercedes-Benz се 7.788 автомобили.

На листата од топ 10 најогласувани брендови се уште и: BMW, Audi, Ford, Renault, Peugeot, Fiat и Citroen.

Листата на најогласувани автомобили по брендови односно топ 10 брендови е прикажана во продолжение.

Р.бр.БрендОгласени автомобили
1Volkswagen13.752
2Opel8.098
3Mercedes-Benz7.788
4BMW5.924
5Audi5.788
6Ford4.557
7Renault3.978
8Peugeot3.927
9Fiat3.341
10Citroen2.531