KamAZ е најпознатиот производител на камиони во светот чија репутација ја отсликува издржливоста и моќноста на нивните камиони.

Иако постои стереотип поврзан со напредната технологија која се употребува во автомобилската индустрија во Русија, KamAZ е тука да ги разбие овие стереотипи. Рускиот производител тестираше камиони без возач на крајниот север односно Арктикот.

Како што соопштија од производителот, камионите во тешки услови без возач успеаја да поминат речиси 2,5 илјади километри, сосема успешно.

Останува непознато кога овие камиони ќе станат реалност.