Речиси и да немаше улица во Италија каде не можеше да се забележи овој фамилијарен автомобил од 70тите години. Италијанската популарност брзо ја пренесе и во останатите земји како што се Шпанија и Португалија каде се произведуваше и продаваше под знакот на SEAT, во земјите од варшавскиот пакт каде се продаваше под знакот на Polski Fiat како и во Јужна Кореа каде се продаваше под знакот на Kia.

Приказната за оваа италијанска верзија на BMW Серија 5 започна во 1966 година, а нејзин креатор е Оскар Монтабоне, тогашен инжинер задолжен за развој. Монтабоне дел од инспирацијата ја добива од Fiat 5000 како и BMW серија 5, но на крајот, во 1966 година на семот во Торино успева премиерно да претстави автомобил кој подоцна ќе стане вистинска икона на 70тите години.

File:Fiat 124 S in Ticino, ca. 1972.jpg

Fiat 124 ја дели основата со останатите модели на Fiat во овој период, особено Fiat 125, а во понудата италијанскиот производител нудел седан изведба, караван, купе и спајдер. Должината на овој автомобил изнесувал 4.045 mm, ширината 1.625 mm и висината 1.420 mm. Меѓуоскиното растојание изнесувало 2.420 mm и со вакви димензии овој автомобил бил вистински семеен автомобил и како таков за кратко станал и најпродаван во Европа, но и пошироко.

Под хаубата биле достапни шест различни мотори достапни во шест изведби и тоа:

  • 1200 (1,197 cc) – 60 PS (44 kW; 59 hp) – 66 PS (49 kW; 65 hp) (1966–1974)
  • 1400 (1,438 cc) – 70 PS (51 kW; 69 hp) – 75 PS (55 kW; 74 hp) (1968–1974)
  • 1400 Special T (1,438 cc) Twin cam – 80 PS (59 kW; 79 hp) (1968–1972)
  • 1600 Special T (1,592 cc) Twin cam – 95 PS (70 kW; 94 hp) (1973–1974)
  • Abarth Rally (1,756 cc) Twin cam – 128 PS (94 kW; 126 hp) (1972–1973)
  • 2000 (1,920 cc) Twin cam – 115 PS (85 kW; 113 hp) (1979)

Најпривлечен автомобил од сите изведби на 124 е spider изведбата која во 2016 година повторно оживеа и како таква Fiat веќе успешно го пласира овој модел во Европа и Северна Америка. Според официјалните информации, оваа изведба на Fiat во периодот од 1970 до 1985 година била продадена во 172.818 примероци.

File:Fiat 124 Spider, 1,4 l, Bj. 1970 (2016-07-02 Sp).JPG