Во време кога не работат училиштата, а сеуште активни се рестриктивните мерки во однос на слободното движење, semaforko.mk е идеалната едукативна интернет страница за вашите најмали.

Преку оваа интернет страница можете да ги запознаете вашите најмали за најразлични едукативни содржини поврзани со сообраќајот.

Поточно, на semaforko.mk ќе најдете:

  • совети за децата за безбедно учество во сообраќајот
  • боенки со мотиви од сообраќајот
  • сообраќајно едукативна литература за деца
  • едукативни видео спотови за деца
  • тест за проверка на знаењето од областа на сообраќајот
  • корисни совети за родителите
  • други креативни содржини

До оваа едукативна интернет страница може да пристапите ТУКА.