Ауди А3 и натаму е лидер во однос на продажбата на “Стариот Континент”. Според последните податоци за продажба во Европската Унија, Ауди А3 иако бележи пад во вкупната полугодишна продажба, сепак и натаму е лидер. Така за првите шест месеци, се продале 104.512 Ауди А3-ки што е убедливо најмногу и далеку пред А класата на Мерцедес и БМВ Серија 1.
Серијата 2 на БМВ бележи најголемо процентуално зголемување на продажбата и тоа 56% во однос на истиот период лани. Со пораст од 48% на вкупната продажба на второто место според зголемувањето на продажбата е купе верзијата на БМВ Серија 2. Значително зголемување на продажбата бележи и Мерцедес со нејзината А Класа како и CLA моделот со раст од 21% односно 16% ретроспективно.
Најголемо намалување на продажбата во премиум компактниот сегмент има Лексус CT и тоа 12% во однос на истиот период лани.