Шведскиот производител на автомобили и камиони Волво и дефинитивно го произведе најбрзиот камион на Светот. Со 2400 КС “Железниот витез” на Волво е најбрз камион откако ги собори рекродите на 500 и 1000 метри. Благодарение на 13 литарскиот турбо дизел D13 мотор кој генерира и до 2400 КС и 4425 вртежи, Боје Овербринк ги поминал 500те метри за само 13 секунди со просечна брзина од околу 130 км/ч односно 1000 метри за 21,2 секунди со просечна брзина од 168 км/ч.
Максималната брзина постигната со овој камион изнесува 275 км/ч, што е воедно рекорд кога се во прашање камионите.