More
    HomeВестиМосква 2016: Лада со нови модели во освојување на нови пазари

    Москва 2016: Лада со нови модели во освојување на нови пазари

    Објавено на

    АвтоВаз, производителот на легендарната Лада на авто саемот во Москва презентираше нови седум модели. Овие модели кои се очекува да влезат во сериско производство од следната година па се до 2020 година се дело на Стив Матин, главниот дизајнер на возилата на Лада, а поранешен дизајнер во Волво.

    X-Code е првиот презентиран концепт на меѓународниот саем во Москва. Овој модел спаѓа во групата на т.н. квази теренци и ќе биде поставен на платфора развиена од страна на Нисан и Рено. Токму на оваа платформа се наоѓаат и Нисан Џук и Рено Каџар, па оттука и сличноста во дизајнот на X-Code со овие два модели.

    Lada XCode

    Екстериерот на X-Code има голем број на заеднички детали како и концептот X-Ray кој требада влезе во сериско производство оваа година како и Лада Веста која веќе е на производствената лента. Во централната конзола на овој модел се наоѓа 10 инчен екран на допир со Lada Connect систем кој нуди многубројни можности и истиот подржува iOS и Android оперативни системи. Овој модел ќе биде достапен во две варијанти со турбодизелски и бензиски мотор произведени во АвтоВаз.

    На овој саем е презентиран и добро познатиот модел  Веста, а премиерно беше презентиран и Веста Крос Седан, модел кој беше во центарот на вниманието пред се поради популарноста на овој сегмент на пазарот во Русија. Покрај “обичната” Веста и Веста Крос Седан беше презентиран и моделот Веста Спорт Вагон.

    029 Vesta Cross Sedan

     

    Многу детали за тоа кога ќе отпочне точно сериското производство и која ќе биде цената на овие нови модели не е познато. Сепак од она што може да се види од самите дизајни може слободно да се заклучи дека Лада полека го напушта оној “Советски” стил на дизајн и полека, но сигурно се придвижува напред и е се поконкурентна на пазарите како од поранешниот Советски Сојуз така и пошироко.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...