Првиот СУВ на Сеат, Атека успешно го помина краш тестот на Еуро НКАП освојуваќи пет ѕвезди. Атека на тестот се покажа како автомобил со висока безбедност како за лицата внатре во автомобилот, така и за околината.
Во однос на безбедноста за возрасните, Атека освои 93% што по Сеат Алхамбра е најдобар резултат во рамките на шпанскиот производител. 84% изнесува безбедноста на децата, додека безбедноста по пешаците изнесува 71%. Безбедносната асистенција изнесува 60% што е сосема солиден резултат.
Видеото од краш тестот на Сеат Атека можете да го погледнете во продолжение: