Руските медалисти од Олимписките игри во Рио на свечен прием во Кремлин беа наградени со луксузни автомобили на БМЊ. Како што пренесува Интерфакс, премиерот на Русија, Медведев покрај со по 4 милиони рубљи, ги наградил и со по еден автомобил БМВ и тоа X3, X4 и X6.
Така, освојувачите на златен медал како награда добија по една X6-ка, освојувачите на сребрен медал добија БМВ X4 додека “бронзените” од Рио добија X3.
Како што соопшти директорот на Олимпискиот Комитет на Русија, Александер Катушев, сите овие модели се целосно произведени во Русија
На свечената церемонија во Кремлин, покрај тоа што беа предадени наградите, беше организирано и меѓусебно дружење, а сите спортисти и официјални лица неколку пати во своите говори ја потенцираа и неправдата нанесена од страна на ИОК (Интернационалниот Олимписки Комитет) во однос на казните изречени на атлетичарите на Русија поради наводен организиран допинг.