Откако пред скоро една година беше објавено дека и Шкода ќе лансира СУВ модел и ќе го носи името Кодијак, сепак дури пред неколку денови беше претставен официјално овој модел на Шкода. Дизајнот со исклучок на предниот дел многу потсеќа на Ауди и во споредба со Сеат Атека, овој модел на Шкода е повеќе автономен.
Цената на Шкода Кодијак ќе се движи околу 26 илјади евра, а се очекува да се појави во продажба во јануари следната година. Кодијак ќе биде директен конкурент на Хјундаи Санта Фе, Ленд Ровер Дискавери Спорт и Киа Соренто.