Несомнено еден од најпривлечните штандови на авто саемот во Париз го има еден од најпривлечните новитети. Станува збор за субкомпактниот кросовер БМВ X2. Поспортски во однос на X1 и со пооштри линии, X2-та е создадена за високи дострели на БМВ, а според критичарите, овој модел треба да биде главен на кои БМВ ќе се потпре во периодот од 2018-2022 година.
Главниот шеф на БМВ задолжен за дизајн, Адријан фон Хојдонк тврди дека овој модел е за активни луѓе кои имаат потреба од комбинација на практичност и уживање. Од првичниот изглед може да се каже дека БМВ успеа во таа мисија, но треба да се почека да се види како ќе биде однесувањето на X2-та на терен. Но, ако се суди според она како се покажаа X1, X3, X4, X5 и X6 тогаш можеме да заклучиме дека X2-та ќе биде и тоа како голема закана за конкурентите.
Овој модел се очекува во сериско производство да влезе во првиот квартал на 2018 година, а цената за основниот модел би изнесувала околу 35 илјади евра.