Кон крајот на оваа година, најдоцна на почетокот на првиот квартал следната година, во продажба треба да биде достапна новата генерација на Ауди Q5. Овој бестселер СУВ на Ауди во моментов се произведува во неколку фабрики ширум светот и тоа во Инглоштад (Германија), Калуга (Русија), Чангчун (Кина), Аурангабаб (Индија) и Шах Алам (Малезија). Сепак, од овој месец Q5-та се произведува и во новата фабрика на Ауди во Сан Хозе Чапа (Пуебла) во Мексико.
Инвестицијата на Ауди изнесува 1,1 милијарда американски долари и во рамките на оваа инвестиција отворени се 4200 работни места. Фабриката е со капацитет од 150 илјади автомобили годишно односно во просек, на дневно ниво има капацитет од околу 410 автомобили.