Последниот тест извршен на Еуро Н’Кап ни го открива новиот лидер кога е во прашање безбедноста. Најновата Е-Класа на Мерседес покажа извонредни резултати и се вбројува на врвот на листата на најбезбедни автомобили.
Во однос на безбедноста на возачот односно возрасните, Мерседес има скор од 95% што е за 3% помалку од најдобриот скор годинава во однос на тој критериум. Моментално, со скор од 98% лидерската позиција ја држи Алфа Ромео Џулија. Споредбено, Џулија е подобра само во однос на тој критериум додека во останатите, а особено безбедноста на пешаците и децата е далеку поголема кај Мерседес, не само во однос на Џулија туку и сите преостанати модели тестирани годинава. Така, безбедноста на пешаците изнесува 77% додека на децата високи 90%.
Во продолжение се резултатите како и видеото од краш тестот на Е-класата на Мерседес.