Финскиот пилот Валтер Ботас од Вилијамс ќе вози и следната година за овој тим. Ботас вози за Вилијамс во Формула 1 од 2013 година.
Клубски пилот на Ботас, по пензионирањето на Фелипе Маса ќе биде дебитантот Ленс Строља, пренесува денеска “BBC”.
Младиот канаѓанец, кој ќе наполни 18 години овој месец, оваа година ја освои титулата во Европската Формула 3 и учествуваше во тестирањата на автомобилите во Вилијамс.