Макс Верстапен влезе во книгата на гинисови рекорди со триумфот од Гран При на Шпанија оваа сезона. Пилотот на Ред Бул стана најмладиот победник во историјата на спортот.
Холанѓанецот минатата година го направи своето деби во Формула 1 со Торо Росо на 17 години, но потоа ФИА го промени Правилникот во кој пилот треба да има наполнети 18 години, за да може да се натпреварува во шампионатот.
Во 2016, токму на Гран При на Шпанија, Макс премина во Ред Бул и тогаш ја забележа и својата прва победа. Тинејџерот имаше 18 години и 228 дена, кога на 15 мај 2016 го грабна и трофејот за првото место во трката.
Верстапен го замени Даниел Квајт во тимот на Ред Бул, кој на два наврати добиваше казна пораз инциденти со Фетел, по што беше заменет од холанѓанецот, и префрлен во тимот на Торо Росо.