Новиот Опел Инсигниа Гранд Спорт во моментов е при крајот на последната развојна фаза. Таа е базирана целосно на нова архитектура и има значително поголемо меѓуоскино растојание (над девет сантиметри повеќе). Но благодарение на значително кратките предни и задни делови, таа е само со 5,5 сантиметри подолга од својот претходник. Поширока е со еден сантиметар и пониската со три сантиметри.
Овие променети пропорции обезбедуваат на следната генерација на предводникот на Опел повеќе атлетизам и импресивна визија од кога и да било. Таа е дури и полесна од старата за 175 килограми, а располага и со широк спектар на повисока технологија.
Со новата Инсигниа Гранд Спорт, компанијата започна ново поглавје во историјата на своите врвни модели. Во 2008 година таа се појави за прв пат, и стана омилена на клиентите. Продадени беа над 900 000 возила, а беше определен и за “Автомобил на годината” во 2009 година.
Официјалната премиера на Опел Инсигниа Гранд Спорт ќе се одржи во март 2017 година на автомобилскиот саем во Женева.