Андреа Довициозо ja забележа својата прва победа по 7 години во МотоГП и втора за Дукати оваа година, додека Јамаха заврши со него на подиумот, на трката на патекаа “Сепанг” за ГН на Малезија, исполнета со пресврти, надминувања и драма. Силниот дожд го успори малку почетокот на претпоследната трка од шампионатот и можеби беше причина за падот на Кречлоу и Маркез, но светскиот шампион не застана и повторно се качи на моторот, а дури забележа и поени.
Валентино Роси заврши втор, иако едно време и беше лидер, а клубскиот колега од Јамаха Хорхе Лоренцо беше трет. Во првата петорка беа и пилотите на Авинтиа Барбера и Баз, а прва десетка ја дополнија Виналес, Баутиста, Милер, П.Еспаргаро и Петричи, а Маркес заврши 11-ти.
Докторот ја зголеми предноста во однос на Лоренцо на 28 поени во генералниот пласман, а Виналес се оддалечи од целта да заврши трет на табелата за сезоната 2016.
Еве го кочечниот пласман на денешната трка: