Со концептот X-класа, претставен во Стокхолм, Mercedes-Benz дава конкретна идеја за својот прв пикап. Тој ќе ги комбинира најдобрите квалитети како: моќност, функционалност, издржливост и офроуд способности. Така Mercedes-Benz ќе биде првиот премиум производител кој ќе одговори на променливите барања во глобалниот сегмент.
X-класа на Mercedes ќе биде на пазарот во крајот на 2017 година и главните пазари на кои е насочен се Аргентина, Бразил, Саудиска Арабија, Австралија, Нов Зеланд и Европа.