Пилотот на МерцедесЛуис Хамилтон победи на трката за ГН на Мексико на патеката „Ерманос Родригез“. Британецот стигна до осмата победа во сезоната, и сега веќе разликата меѓу него и клупскиот колега Нико Розберг кој беше втор е 19 поени. На подиумот се искачи и пилотот на Ред Бул Макс Верстапен, но сепак холанѓанецот доби казна со пет секунди и така пилотот на Ред Бул станува петти, а Фетел завршува трет.
До поени уште дојдоа и Рикиардо од Ред Бул, Раиконен – Ферари, Хулкенберг-Форс Индија, Ботас од Вилијамс, неговиот клубски колеха Маса и Перез од Форс Индија.
Мерцедес веќе од порано ја освои титулата кај конструкторите, а последните две трки од шампионатот ќе го дадат името на новиот шампион во Формула 1. Следува трката на патеката „Хозе Карлос“ во Бразил, а потоа и последната трка во Абу Даби.
Еве го конечниот пласман на денешната трка: