По освојувањето на четвртата последователна титула кај конструкторите во WRC овој викенд, се појавија коментари дека Волксваген ќе го следат примерот на Ауди и ќе се откажат од ова натпреварување.
Шефот на тимот во Светскиот рели шампионат, изјави дека допрва ќе започнат дискусија за својата иднина.
“Кај нас не влијае одлуката на Ауди да ја менуваат својата политика во спортот. Не знам што се случува таму. Ако се повлечеме тоа ќе биде наша одлука. Не можам да дадам коментар на оваа тема. Сеуште не сме зборувале подетално, но не е убаво неквалификувани луѓе да пуштаат такви гласини “, смета Свен Сметс
Учеството на Ауди во шампионатот беше прекинато по 18 години успеси и титули, а фокусот беше преместен на Формула Е, каде изгледа дека и Волксваген се исто така заинтересирани.