Формула 1 тимот на Торо Росо го продолжи договорот на рускиот пилот Даниел Квајт и за следната сезона – 2017 во Формула 1.
Иднината на Квајт стана тема на разговор уште во мај, кога Ред Бул го избркаа и го дадоа неговото место на Макс Верстапен, враќајќи го Даниел во Торо Росо. Потоа се зборуваше дека догодина Квајт би може да го изгуби и ова место поради младиот Пјер Гасли кој чека да го направи своето деби во шампионатот. Сега тимот стави крај на сето ова, објавувајќи продолжување на договорот со Даниел.
Негов тимски колега догодина ќе биде Карлос Сајнц.