Девет различни победници во една сезона во МотоГП – нешто што не се случило никогаш во шампионатот.
Историските успеси на Кајл Кречлоу, Андреа Довициозо, Андреа Јаноне, Хорхе Лоренцо, Марк Маркез, Џек Милер, Дани Педроса, Валентино Роси и Маверик Виналес ќе бидат запаметени.
Исто така видовме победи на четири различни производители – Дукати, Хонда, Сузуки и Јамаха, а независни тимови зедоа три победи – две за Кајл Кречлоу и една за Џек Милер со поддршка на Хонда.
Може ли да видиме и 10-ти различен победник во викендот од 11-ти до 13-ти ноември, кога возачите ќе излезат за последен пат сезонава на патеката “Валенсијана” во Валенсија-Шпанија?