Фолксваген најавија и официјално дека завршуваат со Светскиот рели шампионат (WRC) по крајот на сезоната 2016. Веста доаѓа само една недела по заминувањето на Ауди. И двата производители, кои се под една капа, завршуваат со долгогодишната и многу успешна серија на титули и победи – во неделата Себастијан Ожие, ја освои четвртата титули кај пилотите и ја обезбеди четвртата светска титула на Фолксваген кај конструкторите.
Со излегувањето на Фолксваген од трката следната година остануваат четири производители – Цитроен, Хјундаи, М-Спорт и новопристигнатата Тојота.
Пилотите на светскиот шампион кај конструкторите Себастијан Ожие, Јари-Мати Латвала и Андреас Микелсен ќе треба да најдат нови патишта за останувањето во WRC или нов потфат во кариерата.