Даниел Квајт призна дека ова беше една од сезоните во Формула 1, кои не би сакал да ја запамети и сака да ја остави зад себе, колку што може побрзо.
“Оваа година не беше лесна. Во почетокот имав големи планови, потоа само се борев за опстанок во Формула 1. Сега изгледа дека успеав да ја заштитам својата позиција во Торо Росо, од што сум среќен. Сигурно сезоната не ми се допадна и сакам да заврши побрзо. Во Формула 1 нема пријатели”, изјави русинот.
Сезоната за русинот претрпе шок кога по само четири трки тој беше ослободен од тимот на Ред Бул, а на негово место застана Макс Верстапен. Неговото претставување за Торо Росо не беше импресивно подоцна, но со последните трки тој го подобри возењето и доби нов договор во замена.