“Мирна вода брег рони” оваа изрека е можеби најдоброто објаснување за позитивниот шок што Опел Инсигниа го приреди. Без многу најави и шушкања Опел на јавноста ги презентираше официјалните фотографии од новата Опел Инсигнија. Спортски карактер со префинет луксуз, раскошност што освојува на прв поглед. Да, тоа е новиот Опел, а доколку не прашувате нас, тогаш дефинитивно ова е најдобриот Опелов модел кој и тоа како претставува закана за Форд Мондео, Ауди А4 и БМВ Серија 3.
Во однос на моторизацијата, за сега се открива дека новата Инсигнија ќе биде достапна и во бензинска и во дизел варијанта. За разлика од претходната генерација, во новата Инсигнија ќе биде вграден и нов 1,5 литарски бензинец од 165 КС како и 2.0 Турбо со 245 КС. Според плановите, новата Опел Инсигнија ќе биде достапна и со 4×4 погон.
Официјалната премиера се очекува на салонот за автомобили во Женева на почетокот на следната година додека продажбата е планирано да започне неколку месеци подоцна, но не подоцна од вториот квартал следната година.