Здружението на Европскит автомобилистички новинари и покрај бројните новитети кои беа претставени во текот на 2016 година ги одбраа седумте кандидати за автомобил на годината за 2017 година. 58те членови на жирито одлучија во трката за автомобил на годината да се натпреваруваат Алфа Роемо Џулија, Ситроен Ц3, Мерседес Е Класа, Нисан Микра, Пежо 3008, Тојота Ц-ХР и Волво В90.
Најуспешен производител во однос на бројот на автомобили кои го носат ова признание е ФИАТ со девет автомобили. По ФИАТ следи Рено со шест како и Форд и Опел со по пет освоени признанија.
Alfa Romeo Giulia
Citroën C3
Toyota C-HR
Mercedes-Benz Classe E
Nissan Micra
Peugeot 3008
Volvo V90