Германскиот производител на автомобили Фолксваген ги објавив првите фотографии од прототипот Артеон. Артеон всушност е наследник на премиум моделот ЦЦ и со овој модел Фолксваген ќе настојува да го земе приматот од БМВ Серија 5 во соодветниот сегмент.
На прв поглед предниот дел потсетува на ЦЦ, но Артеон содржи повеќе емоција, особено во предните фарови. Авто критичарите пишуваат дека Артеон е моделот со кој ќе се напаѓа на пазарот во САД и преку кои Фолксваген треба да се “измие” за Дизелгејт.
Многу информации околу Артеон не се познати, она што е познато е дека ќе биде достапен во дизел и бензинска изведа со 1.5, 1.8, 2.0 и 2.2 TDIs мотор, а почетната цена би се движела околу 35 илјади евра.