Со 1672 гласови, жирито составено од претставници на 31 земја го доделија признанието АУТОБЕСТ 2017 на првиот сеатов СУВ, Атека. Во конкуренција на Ситроен Ц3, Киа Ниро, Пежо 3008 и Тојота Ц-ХР, жирито со 72 гласа повеќе во однос на Пежо 3008 одлучи признанието да го додели на Атека.
“Беше навистина тесно. Сеат Атека ја доби целата почит од жирито” меѓу другото изјави Илија Селиктар, претседател на АУТОБЕСТ жирито.
За потсетување, минатата година оваа награда ја доби ФИАТ Типо. Претходно оваа награда ја добија и Шевролег Круз, Рено Симбол, Фиат Линеа, Опел Корса, Киа Рио, Дачија Логан, Фиат Панда, Ситроен Ц3 и Шкода Фабија.
ФОТО/ИЗБОР: autobest.org