Долго очекуваната Алфа Ромео Џулија пристигна и во Македонија. Новиот член на семејството на Алфа Ромео е достапен во продажно-изложбените салони на Аутомобиле СК, а доколку сакате да ја купите ќе мора да издвојувате 39 илјади евра. Оваа цена се однесува на основниот модел 2,2 дизелски мотор со 150 КС.
Покрај моделите со 2,2 дизелскиот мотор, Џулија во Македонија е достапна и во Квадрифољо верзијата со 2.9 V6 bi-turbo бензински мотор со 510 КС и автоматски пренос со 8 брзини. Цената на овој модел изнесува 90 илјади евра.
Комплетниот ценовник можете да го погледнете ТУКА
Каталогот за Алфа Ромео Џулија можете да го погледнете ТУКА