Јагуар и Ленд Ровер повторно се достапни на македонскиот пазар. Најзаслужен за тоа е Аутомобили Гроуп кој е нов, официјален увозник и дистрибутер на овие брендови за Македонија и Косово. Отсега најновите модели на овие брендови кои се дел од мултинационалната компанија ТАТА ќе бидат достапни во Македонија, со засега единствениот продажно и изложбен салон во Скопје.
„Како што и најавивме во изминатиот период, денес би сакал да го истакнам моето задоволство од договорената соработка со еден навистина сериозен партнер, компанијата Аутомобили Гроуп, која ќе биде новиот овластен дистрибутер и сервисер за Јагуар и Ленд Ровер на територијата на Македонија и Косово. Како што веќе знаете, британскиот производител на Jaguar и Land Rover ја одбра токму нашата компанија Волис Аутомотив Европа, да ги претставува овие брендови во регионот Адриатик и тоа токму во овој возбудлив период кога и двете марки бележат фантастичен пораст“ изјави генералниот директор на Волис Аутомотив, Ендру Прест.
