Киа гo претстави новиот модел Стингер. Тоа e спортски седан со пет врати, кој ветува дека ќе биде еден од најдобрите европски автомобили. Понуден со избор на мотори и погонски конфигурации, како и со голем број на луксузни удобности, ќе влезе во продажба на пазарот во САД малку подоцна оваа година, додека во Европа моделот се очекува до крајот на 2017 година.
Стингер нуди избор од 2 турбо мотори – 2,0 литарски 4-цилиндричен турбодвигател со 255 КС; 3,3 литарски мотор Твин-турбо V6 кој обезбедува 365 КС и максимален вртежен момент од 510 Nm. Стингер забрзува од 0 до 100 км / ч за 5,1 секунди ипри максимална брзина од 269 км / ч.
Тој е опремен со втората генерација 8-брзински автоматски менувач со заден пренос. Со својата премиера во луксузниот седан K900, менувачот е дизајниран од Kиа за адаптивно префрлување и оптимална ефикасност при потрошувачката на гориво.
Во овој модел Киа за прв пат внесува трансмисија со конвертор на вртежен момент CPA (Centrifugal Pendulum Absorber) со цел да ги намали вибрациите кои влијаат на погонските агрегати.
Стингер е првиот седан на Kиа, кој доаѓа со заден погон или погон на сите тркала. За оптимална контрола при влажно или суво време системот на погон на четири тркала AWD располага и со Dynamic Torque Vectoring Control. Системот ги следи активностите на возачот и условите на патот, како по потреба автоматски поднесува дополнителна енергија или сила на сопирање кон поединечните тркала за да обезбеди соодветно управување и при многу тешки временски услови.
Моделите со 2,0 литарски 4-цилиндричен турбодвигател се опремени со 225/45 R18 гуми, додека 3,3 литарските V6 се опремени со гуми од висок квалитет со различна големина: 225/40 R19 напред и 255/35 R19 позади.