More
    HomeВестиПетерхансел го освои Дакар и стана најуспешниот во историјата

    Петерхансел го освои Дакар и стана најуспешниот во историјата

    Објавено на

    Себастијан Лоеб ја освои последната фаза од релито Дакар, но само со 19 секунди предност, што не беше доволно за да го претекне Стефан Петерхансел од рекордната 13-та победа во најтешката трка за човекот и машината со време 28:49.30 часа. Двајцата Французи си разменија по четири победи, но по сите поминати фази Лоеб заостана со 5:13 минути во однос на клубскиот колега.

    На трето место остана и третиот пилот на Пежо Сирил Депре. Две од сите 12 етапи беа откажани поради лошо време, а само еден – првиот, не беше освоен од страна на тимот на Пежо – францускиот конструктор беше на прво место кај девет од сите 12 етапи на Дакар 2017.

    Петерхансел стана најуспешниот натпреварувач во историјата на релито Дакар со шест победи кај мотоциклите и седум победи кај автомобилите.

    Нани Рома со Тојота беше најдобар од останатите со време 1:16.43 часа зад Петерхансел, а неговиот соиграч Жинел де Вили го затвори кругот топ 5 со две минути предност во однос на шестиот Орландо Теранова со Мини. Следат Јакуб Прижигонски со уште едно Мини, шампионот од сериите на издржливост Ромен Дима со Пежо, Конрад Роутенбах со Тојота и Мохамед Абу-Исса ја дополнуваат првата десетка.

    Во категоријата на мотоциклите исто беше напишана нова страница во историјата на Дакар, откако Сем Сандерленд стана првиот британец, кој ја предводи трката на две гуми. По двете тркачки недели во Јужна Америка Сандерленд го заврши своето учество на врвот со 32 минути пред својот најблизок противник – Матиас Валкнер. На подиумот ќе се качи и шпанецот Жерар Фарес Гоел.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ