Ферари изјавија дека би го пречекале синот на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер со раширени раце, бидејќи се импресионирани од неговото претставување во младинските серии.
“По неговиот развој оваа година ќе можеме да го гледаме внимателно, бидејќи ќе биде соиграч на еден од нашите пилоти од академијата во Према (тимот во Ф3). Не знам што мисли Мик за иднината, но ако одлучи да влезе во Формула 1, ќе го пречекаме со црвен тепих. Мик изгледа многу воспитан и нема премногу висока самодоверба. Честитки на неговите родители. Многу е млад и е подложен на голем притисок од медиумите, но се справува доста добро”, изјави Менаџерот Масимо Ривола.
Мик Шумахер веќе има 17 години и се натпреварува во европската Формула 3. Од големите тимови во Формула 1 Мерцедес веќе пројавиле интерес за младиот германски пилот и му нуделе да се вклучи во програмата за развој, а сега и од Ферари го поканија во академијата.