Мерцедес го претставија и официјално новиот пилот Валтер Ботас. Финецот ќе се натпреварува за сребрената стрела во сезоната 2017 во Формула 1, заземајќи го местото на шампионот Нико Розберг кој се повлече, а негов тимски колега ќе е Луис Хамилтон.
За да може Ботас да потпише со Мерцедес, Вилијамс мораше да го ослободат од неговиот договор со нив, кој беше обновен во 2016 година. Фелипе Маса така мораше да го одложи повлекувањето од спортот.