Од денес дизел автомобили во центарот на Осло се забранети и тоа е првиот преземен чекор за забраната во цела Европа. Причината е загадениот воздух, а забраната важи од 6 часот наутро до 22 часот навечер.
Париз, Мадрид, Атина и Мексико Сити се само дел од главните градови, кои сакаат да ги забранат дизел автомобилите од употреба во градовите, а вметнатиот рок е до 2025 година.
Трендот против дизел автомобили доби полна сила пред две години со аферата “Дизелгејт”.