Првиот круг од сезона 2017 во Монте Карло во Светскиот рели шампионат беше обележан со трагичен инцидент. Автомобилот Hyundai i20 со број 4 не успеа да влезе во левиот свиок поради мразот и се удри во планинскиот ѕид до патот, каде се наоѓаше гледач.
Тој веднаш беше транспортиран во болница во Ница со хеликоптер, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот. Хајден Паден со Hyundai i20 беше пилотот, кој ја загуби контролата на возилото, и шокиран подоцна објави дека нема да продолжи со учеството на рели Монте Карло.
Инаку претходно организаторите на трката објавија дека, на оваа трка не е запамтен ваков снег и мраз во историјата.