Конечно нови информации за Алфа Ромео Стелвио доаѓаат од Торино. Италијанскиот произведувач ја соопшти почетната цена за најновиот модел на Алфа Ромео и воедно прв СУВ модел. Доколку сакате да го имате првиот СУВ на Алфа Ромео тогаш ќе треба да одвоите минимум 57.300 евра. Доколку ја платите оваа сума тогаш ќе го добиете Стелвио со 2,0 турбо бензиски мотор со 280 КС.
Иако во однос на Квадрифољо изведбата овој основен модел е далеку послаб, сепак гарантира одлични перформанси, а за тоа заслуга има и автоматскиот менувач со 8 степени на пренос и интегрален Q4 погон.
Во однос на директните конкуренти Стелвио и нема најниска цена. Во Италија основниот модел на Ауди Q5 изнесува 48.000 евра, БМВ X3 изнесува 42.500 евра, цената на Мерседес ГЛЦ изнесува 53.000 евра додека на Порше Каман и Јагуар F-Pace изнесуваат 61.000 односно 45.000 евра.
Цените на останатите модели ќе бидат објавени до крајот на оваа пролет.