More
    HomeВести48 години Range Rover (ВИДЕО)

    48 години Range Rover (ВИДЕО)

    Објавено на

    Land Rover важи за автомобилска икона, а Range Rover е пионер во дизајнот, усовршувањето и иновациите од 1970 година наваму.

    Land Rover ја покажаа еволуцијата на својот луксузен SUV автомобил во рамките на четири генерации преку уникатна анимација со траење од 120 секунди.

    Range Rover еволуирал во најелегантен и софистициран SUV автомобил во светот, достигнувајќи над 1 милион продажба (1,7 милиони досега) на патот. Историјата на Range Rover започнува со 26-те модели пред масовното производство, кои го носеле амблемот Velar во обид да го сокријат својот идентитет – “velare” значи “скриени” на италијански – направена од букви од амблемот Land Rover, која обично стои однапред или одзади на возилото. Следува безвременски класичен модел Range Rover со две врати, завршувајќи со најмоќната верзија – SVAutobiography Dynamic со 550 КС, конструирана од одделот Special Vehicle Operations (SVO) на Jaguar Land Rover.

    Кога е пуштен за прв пат на пазарот во 1970 година, Range Rover е еден од првите автомобили, обезбедувајќи постојано погон на сите тркала, додека кај многу други тоа сеуште е избор. Во 1971 година оригиналниот модел е наречен “примерен производ на индустрискиот дизајн” а првиот автомобил е изложен во светски музеј Лувр во Париз, и оттогаш е на чело на иновациите во дизајнот и инженеринг решенија.

    Варијантата со четири врати е претставена во 1981 година. Продолжуваат и во 2012 година, кога RangeRover станува првиот во светот целосно алуминиумски SUV возило. Неодамна, во 2014 година, луксузниот SUV стана првиот автомобил кој користи напредна полуавтоматска технологија All-Terrain Progress Control (ATPC) на Land Rover, која во својата суштина е офроуд автопилот за контрола на брзината по секаков терен.

    Последниот модел вклучен во анимацијата, SVAutobiography Dynamic, е со мотор V8 – Range Rover Sport SVR и е специјално калибриран да обезбедува 680 Nm вртежен момент и забрзување од 0 до 100 км / ч за само 5,4 секунди.

    Од неговото пуштање на пазарот пред 48 години LandRover достигна над 1 700 000 продажби во целиот свет.

    Еволуцијата на Range Rover е прикажана со следниве модели:

    1969 Range Rover Prototype (Velar)

    1970 Range Rover Classic (two-door)

    1973 Range Rover Classic (Suffix C)

    1981 Range Rover Classic (four-door)

    1994 Second-generation Range Rover (P38a)

    2001 Third-generation Range Rover

    2012 Fourth-generation Range Rover

    2014 Fourth-generation Range Rover Long Wheelbase

    2015 Range Rover SVAutobiography

    2016 Range Rover SVAutobiography Dynamic

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...