На патеката “Сепанг”, каде што денес започна официјалниот прв предсезонски тест од кралската класа, Сузуки го претставија обновениот GSX-RR, со кои пилотите Андреа Јаноне и Алекс Ринс ќе се натпреваруваат во новата сезона во МотоГП.
Јапонскиот тим, на чие чело стои Давиде Бривио, ја започнува третата сезона во кралската класа по враќањето во 2015 година, а минатата сезона ја запишаа и првата победа, од 2007 година благодарение на талентираниот Маверик Виналес.