Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо од Мекларен-Хонда е најдобар пилот во светот. Ова го изјави новиот извршен директор на британскиот тим Зак Браун, кој го замени неодамна отстранетиот легендарниот раководител Рон Денис.
“Не е тајна дека нашиот болид минатата година не беше на потребното ниво. Постигнавме подобрување во претставувањето, но тоа не беше на ниво што му одговара на Мекларен. Разговаравме со Фернандо по превземањето на функцијата и треба да ви кажам дека сум изненаден колку е амбициозен и подготвен на се за да ги оствариме нашите цели. Мислењето не ми се променило во последните години и продолжувам да тврдам дека Алонсо е најдобар пилот во Формула 1 во моментов.”, вели Зак Браун.
Фернандо се врати во Мекларен во 2015 година, кога и Хонда се врати во Формула 1 и тоа доведе до најтешкиот период во историјата на тимот.