На официјалниот сајт на Формула 1 видовме интересно интервју со пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон, во кое британецот беше изведен пред животни одлуки, слично на прашањата кон Фернандо Алонсо минатиот месец. Што би избрал Хамилтон, ако можеше да се натпреварува само со еден соиграч до крајот на својот живот; ако можеше да вози само една кола до крајот на својот живот; ако можеше да се занимава само со еден спорт до крајот на животот?
Одговорите се тука: Ако може да вози една кола, таа би била Mercedes SL 300 Gullwing. Хамилтон неодамна кажа дека Шахот исто е вид спорт, а играта е негова омилена уште од дете, па заедно со аикидо, ова се двата спортот, кои би практикувал до крајот на животот. Тој признава дека не се согласува со своите соиграчи, но ако може да има еден единствен партнер во Формула 1, тој би бил Аертон Сена.
Ако може да избере друга ера во која би се натпреварувал, би ги избрал подоцните 80 години на минатиот век.