Во 2016 година Фолксваген ја помести Тојота од лидерската позиција по продажба на автомобили во светот.
Групацијата тојота, која ги вклучува и Daihatsu Motor и Hino Motors објави дека нејзината продажба се зголеми за 0,2% во однос на претходната година до 10,17 милиони автомобили во 2016-та, но за првпат по пет години го отстапува водечкото место.
Продажбата на компанијата надвор од Јапонија падна за 0,5% на годишна основа до 7,94 милиони поради намалување на извозот за Северна Америка – најголемиот пазар на Тојота.
И покрај скандалот со манипулација на податоците од тестовите за штетни гасови кај дизел автомобили на Волксфаген, германскиот концерт, во кој влегуваат Ауди, Порше, Сеат, Шкода и Бентли, минатата година продал 10,3 милиони автомобили што е за 3,8% повеќе во однос на претходната 2015-та.