Хонда официјално ги претстави моторите за сезоната 2017 во МотоГП, чиј дизајн останува речиси непроменет во однос на својот претходник.
Хонда имаа тежок старт на предсезонските подготовки на “Сепанг” оваа недела. Проблеми со електрониката на машините на Маркес и Педроса ги оставија доста време во гаража, а силните дождови над патеката им го скратија и времето за тестовите.
Церемонијата се одржа во Индонезија трета година по ред.