Светскиот шампион Нико Розберг изјави дека се надевал дека Мерцедес ќе го земат Фернандо Алонсо за негов заменик во сезоната 2017 во Формула 1.
Германскиот пилот се повлече од спортот неочекувано и сребрената стрела беа во непријатна ситуација да бараат соиграч на Луис Хамилтон во последен момент . На крајот го доведоа финацот Валтер Ботас од Вилијамс.
“Бидејќи веќе сум фан и сум од оваа страна на екранот, ми е лесно да одговорам на прашањето кој треба да е новиот пилот на Мерцедес. Сите велат Алонсо, јас исто така, бидејќи тоа би довело до огномет со Хамилтон. Да, од моја гледна гледна точка тоа би било убаво за сите, но не и за тимот. Мерцедес најдоа одлично решение, Ботас е брз и иако Хамилтон е поискусен, сепак очекувам борба”, изјави Нико.