Два модели на Lamborghini беа достапни на аукција во Париз минатата недела. Тоа беа Diablo VT Roadster од 1997 година и DLA 35 трактори од далечната 1957 година.
Феручо Ламборгини за почеток е индустријалец, а по Втората светска војна купува стари воени автомобили кои ги преобразува во трактори. Неговата страст остануваат луксузните автомобили и во 60-тите години на минатиот век тој создава Automobili Ferruccio Lamborghini со енормно желба да продава подобри автомобили од оние на Енцо Ферари.
Продадените трактори се едни од 117-те модели со оригинален Lamborghini мотор. Тој не е од V10 или V12 модели, но е трицилиндерски, 2,2-литарски со 36 коњски сили.