Денес Заубер објавија слики од болидот со кој ќе се натпреваруваат во 25-тата сезона во Формула 1. Тој е со нова шема на бои по повод годишнината, – со темно сина, бели акценти и златни букви. Се вика С36 и е со мотор Ферари.
Поради промената во Правилникот дизајнот е скратен од минатогодишниот и од тимот објаснуваат дека не користеле ниту еден дел од неговиот претходник.
Прв на патеката со новата кола за време на тестовите во Шпанија ќе излезе Маркус Ериксон. Сеуште не се знае кога новиот нивниот пилот Паскал Веерлајн ќе може да седне во болидот, бидејќи претрпе несреќа во трката на шампионите, од која се уште не се опорави целосно.