Рено се само вториот тим во Формула 1, кој го откри новиот болид за сезоната 2017, со кој Џолин Палмер и Нико Хулкенберг ќе се натпреваруваат. Двајцата пилоти беа тикму оние кој го покажаа дизајнот на R.S.17.
Ова ќе е втора сезона за тимот на Рено и тие се надеваат дека ќе успеат да направат чекор напред по разочарувањето во 2016 година во која запишаа само осум поени и завршија деветти на табелата кај конструкторите.