Тимот на Мерцедес го претстави новиот болид со кој ќе ja штити светската титула во Формула 1 од минатата година. Новиот W08 EQ Power +, е кандидат на германскиот тим, кој беше прикажан во живо на интернет од боксот на легендарната британска патеката “Силверстоун”.
Потоа ѕвездата на “сребрената стрела” Луис Хамилтон помина за првпат со новиот болид и го направи првиот километар.
На претставувањето присуствуваше и новиот соиграч на Луис – Финецот Валтер Ботас.